Се чинеше дека Ливерпул ќе има мирен зимски преоден рок, но откако Тотнем тропна на вратата на Порто за Луис Диаз, „црвените“ веднаш реагираа и го „украдоа“ фудбалерот пред носот на својот ривал од Премиерлигата.
Попладнево простигна и официјална потврда, Луис Диаз стави потпис на долгогодишен договор во зделка вредна 45 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонуси.
Со вакви бројки, Колумбиецот стана четвртиот најскап трансфер во историјата на Ливерпул зад Наби Киета, Алисон Бекер и Вирџил ван Дајк.






