Српскиот фудбалер повторно се поврзува со заминување од Лацио, а како кандидати за неговиот потпис се посочуваат Јувентус и Манчестер јунајтед.
Сепак, Лотито вели дека Милинковиќ-Савиќ не е на продажба.
„Вие секогаш зборувате за парите, јас зборувам за техничките и личните квалитети на моите фудбалери“, вели Лотито.
„Милинковиќ не е на продажба, јас многу го ценам него. Никогаш не сум го ставил на продажба. За мене тој е играч кој може да го смени натпреварот и имаме одличен однос. Доколку дојде некој голем клуб, ќе го прашам играчот што сака“.
„Во мојот клуб, ние приоритет ставаме на човечките аспекти пред финансиските. Кога добив понуда од 140 милиони евра за него, не го продадов“.
„Можеби јас сум единствениот таков случај во историјата“.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ во Лацио пристигна од Генк во 2015 година за сума од само 10 милиони евра.






