На неколку часа пред дуелот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер јунајтед, голем број на извори од „островото“ пренесуваат дека Кристијано Роналдо ќе го пропушти натпреварот.
Гласините за отсуство на ЦР7 почнаа уште доцна синоќа откако тој не пристигна во хотелот Лоури со експедицијата на „ѓаволите“.
Сега се пишува дека Кристијано Роналдо е повреден и нема да игра против лутиот градски ривал.
Останува да се види дали ова ќе биде голем удар за Манчестер јунајтед, Гери Невил смета дека отсуството на ЦР7 всушност може и да им оди во прилог на „ѓаволите“ и тактичките замисли подобро да се одработат без напаѓачот во составот.






