четврток, 25 декември 2025

Ливерпул со два гола позитива се враќа од Милано, Интер е пред елиминација (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот беше рамноправен, а Интер прими гол во период кога беше значително поактивен и се обидуваше да постигне гол.
 
Натпреварот почна активно, Лаутаро Мартинез имаше шанса уште во петтата минута, но не успеа, потоа Ливерпул се закани преку Тиаго и Мане.
 
Најголемата можност во првиот дл ја имаше Чалханоглу кој ја погоди пречката од голот на Алисон.
 
Во второто полувреме се играше повеќе пред голот на Ливерпул, Интер се обидуваше, создаваше шанси, но не беше најконкретен. Мечот се смени во 75. минута кога Фирмино погоди со глава за водство на црвените од 1-0.
 
Во продолжението од мечот Ливерпул заигра многу полесно, а во 83. минута Салах најдобро се снајде во шеснаесетникот на Интер и ги постави конечните 2-0.
 
Со овој триумф Ливерпул е многу блиску до четвртфиналето во Лигата на шампионите, на Интер ќе му биде тешко да ја анулираа оваа негатива на Енфилд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ