среда, 24 декември 2025

Ливерпул го потопи Лидс, „црвените“ ги имаат тројцата најдобри стрелци во Премиерлигата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Трката за титулата во Премиерлигата повторно е ширум отворена, Ливерпул го „потопи“ Лидс и дојде на три бода до Манчестер Сити.

Салах и Мане постигнаа по два гола, по еднаш во листата на стрелците се запишаа Матип и Ван Дајк за убедлив триумф од 6-0.

Ливерпул сега ги има тројцата најдобри стрелци во Премиерлигата, Мо Салах е на врвот со 19 погодоци, Мане има 12 погодоци а Жота има 11 погодоци.

Тотнем откако во минатото коло славеше на гостувањето кај Манчестер Сити, вечерва киксна против Барнли и загуби со 1-0. Бен Ми погоди во 71. минута за три важни бода во битката за опстанок.

На третиот натпревар вечерва во Премиерлигата, Кристал Палас со 1-4 славеше на гостувањето кај Вотфорд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ