Ливерпул ја оправада улогата на фаворит во Мерсисајд дербито и го победи градскиот ривал Евертон со 2-0.
Отпорот на Евертон беше скршен во 62. минута кога по асистенција од Салах, Робертсон даде гол за водство на Ливерпул од 1-0.
Конечните 2-0 ги постави Ориги со гол на пет минути до крајот.
Со оваа победа Ливерпул ја продолжи битката со Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата, а Евертон се наоѓа на 18. место и ќе води грчевита битка за опстанок.






