сабота, 20 декември 2025

Лидс стана првиот тим со 100 жолти картони во една сезона, Челси блиску до место во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По три меча без победа, избраниците на Томас Тухел стигнаа до цел плен и со триумф од 0-3 си заминаа од гостувањето кај Лидс.

Маунт прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 0-1 веќе во четвртата минута, а работата на „сините“ дополнително им се олесни кога Даниел Џејмс доби директен црвен картон во 24. минута.

Челси ја искористи бројчаната предност во продолжението од натпреварот, Пулишиќ зголеми на 0-2 во 55. минута а точка на натпреварот стави Лукаку во 83. минута.

Лидс со овој пораз остана во зоната за испаѓање и грчевито ќе се бори за опстанок, „белите“ исто така испишаа негативен рекорд и станаа првиот тим во историјата на Премиерлигата со 100 жолти картони во една сезона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ