Лидс се ноаѓаше во катастрофална форма, на последните два меча прими десет гола, раководството на клубот реши да се раздели со Биелса.
„Ова е најтешката одлука која ја имам донесено откако сум на чело на Лидс. Со Марселона како тренер имавме три фантастични сезони и добрите времиња се вратија на Иланд Роуд. Тој ја промени културана на клубот и внесе победнички менталитет во сите нас. Како и да е, морав да делувам во интерес на клубот и верувам дека е потреба промена за да го задржиме статусот во Премиерлигата. Резултатите и перформансите не се на нашите очекувања. Сметаме дека е време за нов тренер“, е дел од изјавата на претседателот на клубот Андреа Радрицани.
Американскиот тренер Џеси Марш кој во декември беше отпуштен од Лајпциг, треба да биде назначен за нов тренер.






