Овие работи не се типични за елитниот фудбал, но новинарот Хавиер Ерез од „СЕР“, тврди дека на плувремето од мечот Ал-Келаифи и Леонардо правеле притисок врз судијата Орсато.
Тие биле незадоволни од судењето и тоа му кажале со повишен тон.
Во второто полувреме Орсато досуди пенал за ПСЖ, но тоа беше правилна одлука, имаше прекршок за најстрога казна од Дани Карвахал врз Мбапе.
Но она на што се пожали Анчелоти по мечот беа жолтите картони на Касемиро и Менди поради кои двајцата нема да можат да настапат во реваншот.






