Барселона му порача на Осман Дембеле да потпише нов договор или да си ги спакува куферите, но напаѓачот не го направи ниту едното, ниту другото.
„Му понудивме нов договор, понудата беше добра. Во прв момент велеше дека парите не се проблем, но потоа парите беа проблем, бараше повеќе. Сторивме се што можевме“ – вели претседателот Жоан Лапорта.
„Му презентиравме две понуди за заминување, добри понуди. Бевме изненадени кога ги одби. Последната беше од клуб од Премиерлигата но тој не сакаше да оди, преферираше да остане тука уште шест месеци. Тоа не е добро ниту за него, ниту за нас“.
„Тешко е да се разбере ситуацијата на Дембеле. Мислиме дека веќе се има договорено со друг клуб, тоа го насетуваме од однесувањето на неговиот агент“.
„Ќе постапиме онака како што е најдобро за клубот“.






