Денеска на програмата во Премиерлигата беше дербито помеѓу Манчестер јунајтед и Тотнем, кое помина во знакот на Кристијано Роналдо, кој три пати ја тресеше мрежата на противникот и на „ѓаволите“ им донесе триумф од 3-2.
По крајот на натпреварот новинарот на Спорт Клуб имаше интервју со Дејан Кулушевски, и со оглед на тоа дека фудбалерот има корени од Македонија, почна да говори на хрватски јазик со надеж дека ќе се разберат, дури се обиде да го праша и на македонски јазик.
Сепак, напаѓачот беше зачуден од овој пристап и побара комуникацијата да се води на англиски јазик.
Дејан Кулушевски е роден во Стокхолм, но неговите родители потекнуваат од Македонија и често доаѓа на одмор во Охрид. Има играно за репрезентацијата на Македонија до 16 години, но потоа престана да одговара на повиците и одлучи да го облече дресот на Шведска, кој го носи и ден денес.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=4C7BGJgCtF8&t=29s autoplay:0]





