среда, 24 декември 2025

Кремљ за одлуката на УЕФА: Санкт Петербург можеше да обезбеди идеални услови

Објавено на

часот

Сподели

„Штета што е донесена таква одлука“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Тој додаде дека Санкт Петербург можеше да обезбеди „идеални услови“ за таков фудбалски празник.

Финалниот натпревар од Лигата на шампионите ќе се игра на стадионот „Стад де Франс“ на 28 мај во 21 часот.

УЕФА му се заблагодари на претседателот на Франција, Емануел Макрон, за „неговата лична поддршка и посветеност најпрестижниот натпревар од европскиот клупски фудбал да се пресели во Франција за време на досега невидена криза“.

Извршниот комитет на УЕФА одлучи руските и украинските клубови, како и репрезентациите, своите натпревари да ги играат на неутрални терени.

„Стад де Франс“ последен пат беше домаќин на финалето на Лигата на шампионите пред 16 години, кога Барселона го победи Арсенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ