Костадионов заедно со Елмас не настапија против Италија поради суспензија, сега тој е во комбинација за мечот со Италија.
„Дојдовме на пола пат од Светско првенство, ни останаа уште 90 минути и ќе го дадеме максимумот од нас. Решени сме да изгинеме на овој меч за да го повториме тоа што се случи во Палермо“, вели Костадинов.
„Нѐ чека малку поинаков меч од тој во Палермо, зашто Италија игра повеќ тимски, за разлика од Португалија која игра повеќе индивидуално, на свој индивидуален квалитет. Нас секако ни треба истиот мотив, истата желба, истата пожртвуваност и на овој меч, а со доза и на малку среќа да успееме да се радуваме и да си го исполниме сонот“.
„Стивна еуфоријата, фокусирани сме само на Португалија, со мислите сме таму и се подготвуваме како психички, така и тактички за да одиграме на максимално и највисоко ниво како што треба. Искрено верувам во овие момци, посебно за сѐ што направија против европскиот првак, па зашто истото да нѐ го повториме и во вторник?“.
Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра во вторник со почеток од 20:45 часот.






