среда, 24 декември 2025

Кореографијата на „делии“ предизвика хаос поради Украина, стигна официјално објаснување

Објавено на

часот

Сподели

Најстрасните приврзаници на Црвена звезда, во моментот кога фудбалерите на двата тима излегоа на теренот, на северната трибина направија кореографија на која најпрвин беше прикажана сцена од гробишта, по што се појави ликот на славниот дедо од култниот филм „Маратонците го трчаат почесниот круг“.

Долу беше ставена неговата реплика – „Добровечер“.

Сепак, „делите“ се најдоа на удар на критики поради изборот на боите, бидејќи како заднина на сцената на гробиштата беа употребени жолтата и сината, што беше окарактеризирано како порака за настаните во Украина, која веќе четири дена е под инвазија на Русија, со која навивачите на тимот од Маракана имаат исклучително блиски односи.

Набрзо следеше одговорот на црвено-белите, кои проследија клип од филмот што послужил како инспирација.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=vAGw7Wepw2A autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ