сабота, 27 декември 2025

Контроверзен пенал, рекорд на Бензема и три бода за Реал против Валенсија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По киксот против Хетафе, Реал Мадрид вечерва им се врати на победите и славеше во пресметката со Валенсија.

Резултатот беше отворен во финишот на првиот дел, беше досуден контроверзен пенал за еден старт врз Касемиро, а Бензема беше прецизен од белата точка. За Французинот ова беше погодокот бој 300 во дресот на „кралевите“ и стана само четвртиот фудбалер кој стигнал до оваа бројка.

Мечот беше решен по петнаесетнина минути во второто полувреме, Винисиус два пати ја тресеше мрежата на Валенсија за 3-0.

Гуедеш постигна почесен гол за гостите, а Бензема со својот втор гол во завршницата од мечот ги постави конечните 4-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ