Во изминатиот период се шпекулираше дека Конте би можел да биде новиот тренер на ПСЖ. Но италијанскиот стратег вели дека тоа е лага.
„Јасно е дека е добро кога другите клубови ја ценат мојата работа. Но ова е друго нешто. Вистината е дека не ми се допаѓа кога луѓето се обидуваат да измислуваат вести, само за да кажат нешто или за да креираат проблеми“, вели Конте.
„Тоа не е добро или фер за мене и за клубовите кои се инволвирани“.
„Ситуацијата ми е смешна, но мислам дека луѓето кои ги прават овие вести треба да покажат почит кон сите луѓе и клубови кои се инволвирани и да не измислуваат лажни вести и да кажуваат лаги“.
Конте има уште една година од неговиот договор со Тотнем, вели дека по крајот на сезоната ќе разговара со клубот што понатаму.
„Не ги слушајте лажни вести и луѓето кои сакаат да креираат проблеми“.
„Имаме уште пет натпревари до крајот на сезоната, а потоа ќе зборувам со мојот клуб и ќе видиме кое е најдоброто решение“.






