Микел Артета ја критикуваше Премиерлигата поради распоредот, односно одлуката Арсенал да игра против Ливерпул во среда навечер, и потоа да ги одмери силите со Астон Вила во сабота во 13:45 часот.
Шпанецот смета дека одлуката е нефер и саркастично рече „сакам да и се заблагодарам на Премиерлигата“.
На ваквите коментари жестоко реагираше Антонико Конте, тој вели дека Микел Артета нема право да се жали откако дербито на Северен Лондон беше одложено иако „топчиите“ имаа само еден фудбалер позитивен на ковид-19.
„Ако зборуваме што е фер а што е нефер, Артета нека не заборава како беше одложен натпреварот Тотнем-Арсенал“ – вели предводникот на „спарси“.
„Јас не заборавам. Мислам дека тој нема право да зборува што е фер а што е нефер“.






