среда, 24 декември 2025

Конор Мекгрегор почна да си замислува дека веќе е газда на Челси (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Роман Абрамович синоќа и официјално потврди дека го продава Челси, се верува дека сумата која ја бара е 3 милијарди фунти.

Конор Мекгрегор веднаш реагираше на социјалните мрежи и објави приватна порака на твитер како му кажува на некој дека Челси е на продажба и му вели ајде да го купиме.

Конор Мекгрегор е милионер, но не е толку богат, заедно со својата компанија се проценува дека има околу половина милијарда евра. Па за да го купи Челси ќе треба да биде дел од некој конзорциум на повеќе луѓе.

Ноќеска ирскиот борец имаше уште еден твит поврзан со Челси, анимација како веќе го купил клубот, разговара на прес-конференција и се запознава со фудбалерите и има конверзација со Роман Абрамович.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ