сабота, 20 декември 2025

Клоп со урнебесна реакција по нападите од Гвардиола (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пеп Гвардиола по победата над Њукасл испрати зајадливи коментари, рече дека сите навиваат за Ливерпул во битката за титулата, и додаде дека „црвените“ не можат да се сметаат за голем клуб со оглед на тоа дека имаат само една титула во Премиерлигата во последните 30 години.

Па Јирген Клоп денеска беше запрашан што мисли за ова, а Германецот откако убаво се изнасмеа, одговори: „Живеам во Ливерпул, па да, тука има многу луѓе кои сакаат да ја освоиме титулата. Но не сите сакаат, би рекол дека бројката веројатно е 50%“.

„Видете, некогаш по некој натпревар не понесуваат емоциите. И јас кажав одредени работи за Тотнем кои сега не би ги кажал“.

„Манчестер Сити беше елиминиран од Лигата на шампионите а Ливерпул обезбеди финале, разбирам дека им е тешко. Имате работи од типот, „тие играа против Виљареал, ние игравме против Реал“ па давата одредени коментари“.

„Додуша Пеп е во право, Ливерпул само еднаш ја има освоено Премиерлигата“.

„Навистина не знам дали целата држава навива за нас во битката за титулата, од она што го гледам кога гостуваме, мислам дека не е така. Но можеби тој знае нешто повеќе од мене“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ