Утре се игра реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите меѓу Виљареал и Ливерпул. Англискиот тим ќе го почне мечот со водство од 2-0.
„Знаеме дека е само полувреме. Најдобро е да го игнорираме резултатот од првиот меч, како да е куп каде еден меч одлучува и ние треба да одиме во Виљареал и да се обидеме да победиме таму“, вели Клоп.
„Знаеме дека тие ќе дадат се што имаат, тоа е апсолутно јасно. Ќе биде тешко, но полуфиналињата од Лигата на шампионите треба да бидат тешки, тоа е нормално. Не очекуваме да биде лесно и нема да биде лесно. Но одигравме добар натпревар дома и би било добро да одиграме добро и на гости“.
„Ова е најважниот меч во моментов. Не знаеме дали во иднина пак ќе дојдеме до полуфинале, или дали некогаш пак ќе имаме шанса за пласман во финале, никогаш не се знае. Имаме исклучителен тим, но ништо не е загарантирано. Мораме да бидеме внимателни и подготвени“.






