Диего Симеоне е најплатениот тренер во светот на фудбалот со годишни примања од преку 20 милиони евра.
Но како што пренесува Кадена Копе, во договорот на Аргентнецот со Атлетико Мадрид има клаузула која го загрижува стратегот.
Имено, како минимална цел е поставено обезбедување настап во Лигата на шампионите, па доколку Атлетико не финишира во топ четири, двете страни ќе треба да седнат на маса и да ги ревидираат условите од договорот, односно да се намали платата на Диего Симеоне.
Во моментов, „колчонероси“ се на позицијата број 4 и имаат три бода повеќе од Бетис на четири кола до крајот на сезоната.






