недела, 21 декември 2025

Кин промаши празен гол, Џенова од пенал во 96. минута го совлада Јувентус! (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Џенова си ги задржа шансите за опстанок откако вечерва славеше против Јувентус пред своите фанови.

„Старата дама“ поведе на стартот од второто полувреме, Пауло Дибала прекрасно погоди за 0-1. Но домаќините не се предадоа и преку Гудмунсон изедначија на 1-1 и најавија возбудлив финиш.

Длабоко во судиското надополнување, Кин промаши празен гол и шанса да донесе победа на Јувентус, а кратко потоа, Де Шиљо направи пенал, па Кришито од белата точка донесе огромна радост и триумф од 2-1 на Џенова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ