Диего Марадона ќе продолжи да испишува историја и две години по неговата смрт. Дресот кој Аргентинецот го носеше на мечот против Англија на СП 1986 година ќе биде ставен на продажба.
Тоа е натпреварот на кој напаѓачот ги имаше двете страни на својата кариера, контроверзија и чиста фудбалска генијалност.
Диего Марадона прво ја затресе мержата играјќи со рака, голот подоцна беше наречен „Божја рака“. За вториот погодок, тој направи дар-мар во редовите на противникот, тргна од својата половина, издрбила повеќе фудбалери и ја смести топката во мрежата, погодокот беше прогласен за „Гол на векот“.
Дресот од тој натпревар повеќе од 35 години беше во сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој ја имаше честа да размени дрес со Диего Марадона по крајот на мечот.
Стив Хоџ сега реши да го продаде ова парче историја, аукцијата ќе биде отворена на 20. април и ќе се наддава до 4. мај. Почетната цена е околу 4 милиони фунти, или речиси 5 милиони евра.






