понеделник, 23 март 2026

Касано: Ако Барса го купи Лукаку, ќе престанам да ги гледам, па тој не може да направи три додавања!

Објавено на

часот

Сподели

„Каталонците“ се во потрага на напаѓач, на листата со желби има неколку имиња. Се говори дека Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски се на врвот, а Ромелу Лукаку се посочува како алтернатива доколку не се реализира ниту една од двете зделки.

Антонио Касано сега вели дека ќе престане да ја гледа Барселона доколку Ромелу Лукаку заврши на Камп Ноу.

„Заљубен сум во филозофијата на Барселона, но ако тие го купат Лукаку, ќе престанам да ги гледам“ – вели поранешниот напаѓач.

„Тој не може да направи три додавања во Челси, а во Барселона паѓа гол по 55 додавања, па како ќе се снајде таму?“

По две одлични сезони во Интер, Ромелу Лукаку минатото лето се врати во Челси во трансфер вреден околу 115 милиони евра, но фудбалерот од Белгија не се снајде во играта која ја постави Тухел, постигна само 5 погодока и често дреме на клупата за резерви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ