вторник, 23 декември 2025

Капитенот на Русија одби да се појави во репрезентацијата поради војната во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалската репрезентација на Русија за следната недела закажа тренинг-камп и покрај тоа што е суспендирана од ФИФА, „зборнајата“ сака да биде подготвена доколку судот за Спортска арбитража им ја прифати жалбата и треба да настапат во баражот за мундијалот во Катар.

Селекторот Валери Карпин денеска го објави списокот и на него не се најде капитенот Артем Ѕјуба. Напаѓачот побарал да не биде дел од репрезентацијата поради војната во Украина и од семејни причини.

„Во неделата разговарав со Артем, ни кажа дека навистина сака да биде дел од националниот тим, но во моментов, поради тешката ситуација во Украина, каде што има многу роднини, се извини и побара, од семејни причини, да не биде дел од тренинг-кампот“, изјави Карпин.

„Се договоривме дека ќе останеме во комуникација и ќе ги следиме неговите игри“.

Неколку украински фудбалери претходно го повикаа Артем Ѕјуба јавно да каже што мисли за воената интервенција на Русија во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ