петок, 26 декември 2025

Капитенот Кришито го поздрави Пандев: Ти благодарам за сè, ти си ЛЕГЕНДА!

Објавено на

часот

Сподели

Горан Пандев за прв пат во својата кариера ќе игра во Серија Б откако синоќа во последниот ден од преодниот рок на големо изненадување се пресели во Парма.

По вестите за трансфер на Македонецот, капитенот Доменико Кришито прв се огласи на социјалните мрежи и го поздрави Горан Пандев.

„Сакам само да кажам благодарам, ме научи многу, како на теренот, така и надвор од него… ти си ЛЕГЕНДА!!! Со среќа пријателе, ќе ни недостасуваш!!!“ – напиша левиот бек.

Џенова исто така се поздрави од миленикот на навивачите: „32 пати благодариме Горан. Не беше лесно да се прифати твојот избор, на со оглед на тоа кој си и што имаш направено, моравме да ја испочитуваме твојата желба“.

Најстариот клуб од Италија исто така објави видео од сите голови на Горан Пандев во Серија А.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=5opmGuP9sYE autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ