Актуелниот договор на Левандовски со Баерн Минхен истекува во јуни 2023 година. Гласни се шпекулациите дека тој сака да си оди и има контакт со Барселона.
Но во германскиот гигант немаат намера да се откажат од Левандовски, Кан вели дека напаѓачот ќе биде таму и следната сезона.
„Дефинитивно ќе го имаме Роберт и следната сезона со нас“, вели Кан.
„Не сме луди да разговараме за трансфер на играч кој постигнува по 30-40 голови секоја сезона“.
„Имаме договор со Роберто до јуни 2023 и преговараме за нов“.
Информациите од Германија велат дека Левандовски сака договор до 2025 година, во спротивно ќе побара да си оди од Баерн Минхен.






