среда, 17 декември 2025

Кан му испрати порака на Левандовски: Никој не е поголем од Баерн… ќе си ја одработиш последната година

Објавено на

часот

Сподели

По ремито против Волфзбург во саботата, Роберт Левандовски изјави дека веројатно тоа е неговиот последен натпревар во дресот на Баерн Минхен.

Напаѓачот веднаш доби одговор од претседателот на Баерн Минхен, кој изјави дека Полјакот е под договор до 2023, па и следната сезона ќе настапува на „Алианц Арена“.

Со слична изјава излезе и генералниот извршен директор, Оливер Кан.

„Му понудивме продолжување на договорот, тој го одби предлогот и тоа е негово право. Но факт е дека тој има договор и ќе го одработи во целост. Доста веќе!“ – рече поранешниот голман.

„Прилично сме јасни и конзистентни по ова прашање. Така се работи тука во Баерн Минхен. Ниту еден играч не е поголем од клубот и не е над клубот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ