вторник, 23 декември 2025

Јувентус четири сезони по ред во ЛШ испаѓа од екипи кои не се доволно „гламурозни“ за Суперлигата

Објавено на

часот

Сподели

Последните неуспеси во Лигата на шампионите можеби ќе го натераат претседателот на Јуве, Андреа Ањели уште посилно да се залага за формирање на Суперлигата.

Но, во меѓувреме стои фактот дека Јувентус не може да ги помине екипите кои не се во плановите на Суперлигата бидејќи организаторите сметаат дека не се доволно големи и атрактивни.

Во изминатите четири сезони Јувентус доживеа елиминација во Лигата на шампионите од Ајакс, Лион, Порто и сега Виљареал.

Новинарот на „Мирор“, Колин Милар токму за ова му фати сеир на Ањели. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ