Андриј Јармоленко се огласи на социјалните мрежи и испрати моќна порака. Напаѓачот на Вест Хем ги повика руските фудбалери наместо да му испраќаат приватни пораки со поддршка, јавно да го изнесат својот став и влијание за прекин на војната.
„Јас сум Андриј Јармоленко, репрезентативец на Украина. Роден сум во Санкт Петербург но пораснав во Украина и се сметам за 100% Украинец“ – рече напаѓачот, говорејќи на руски.
„Имам едно прашање до руските фудбалери. Момци, зошто седите како идиоти и не правите ништо? Во мојата земја се убиваат луѓе, се убиваат жени, се убиваат мајки, се убиваат деца. Но вие не правите ништо, немате никаков коментар…“„Познавам добар дел од руските репрезентативци, во приватни пораки ми кажуваат дека не треба да има војна и дека претседателот постапува лошо. Па момци, вие кои имате влијание, покажете го тоа. Ве молам!“.
Тој потоа индиректно упати порака до капитенот на Русија, Артем Дзјуба: „Знам дека некои од вас сакаат да покажат пред камера дека имаат мад*ња… сега е време да покажете дека имате мад*ња и во вистинскиот живот. Ви благодарам на вниманието. Слава на Украина!“.






