четврток, 11 декември 2025

Историски договор: Американските фудбалерки ќе имаат исти плати како и мажите

Објавено на

часот

Сподели

Американските фудбалерки пред неколку години го кренаа гласот и поднесоа тужба за дискриминација на платите. Тие велеа дека имаат поголеми успеси од мажите (женскиот фудбалски тим на САД е четирикратен светски шампион – 1991, 1999, 2015 и 2019) а добиваат помалку пари.

Фудбалската федерација на Америка сега соопшти дека е постигнат договор со кој ќе се гарантира еднакви плати и премии за женскиот и машкиот национален тим за настап на интернационални натпревари и големи натпреварувања.

Со оглед на тоа дека ФИФА исплаќа неспоредливо поголеми суми за машкиот фудбал, договорено е исплатите за настап на СП 2022 (машка конкуренција) и СП 2023 (женска конкуренција) да се соберат на едно купче и подеднакво да се поделат на членовите на двата тима.

„Ниту една друга земја го нема направено ова“ – рече Синди Парлоу Кон, претседателката на Фудбалската федерација на САД.  „Мислам дека сите треба да бидат горди на ова што го постигнавме. Ова е навистина историски потег“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ