Интер одигра добар натпревар против Ливерпул, но не оствари резултат, загуби со 2-0 и се наоѓа пред елиминација од Лигата на шампионите.
„Среќен сум и горд на тимот, за жал кога имавме најдобар период не го дадовме голот кој го заслужувавме, Ливерпул постигна од првото невнимание кое го имавме“, вели Инзаги.
„Знаеме дека овие вечери може да бидат вакви, но ова ни дава самодоверба бидејќи одигравме одлично“.
„Тешко е да се коментира ваков резултат, но ова треба да биде стартна точка за Интер на ова ниво. Мислам дека ова е најсилниот противник со кој се соочивме оваа сезона“.






