Федералниот апелационен суд ја одби жалбата на Интер за регистрација на мечот со Болоња со службени 3-0, па нероазурите ќе продолжат со барањата на друг суд.
Натпреварот против Болоња требаше да се одигра на 6 јануари, но поради големиот број на случаи со коронавирус, тимот на Михајловиќ не го играше мечот.
Интер бараше службена победа, но беше одлучено натпреварот да биде преигран. Во меѓувреме нероазурите одат од суд на суд и бараат службени бодови.
Последните информации од Италија велат дека тие сега поднеле жалба на Виоскиот суд за спортска правда во Италија.
Интер има сериозен пад во формата во последните месеци поради што го загуби врвот на табелата во Серија А.






