недела, 21 декември 2025

Интер се врати од две гола негатива, го победи Емполи и се качи на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна катастрофално за Интер, Емполи со гол на Пиамонти уште во петтата минута поведе со 1-0. А брзо потоа дадоа уште ден гол кој ВАР го поништи поради офсајд.
 
Интер напаѓаше, бркаше израмнување, но Емполи поведе со 2-0, Аслани даде гол по една долга топка од Фиамоци.
 
Сепак Интер успеа да израмни до крајот на првото полувреме, во 40. минута Симоне Ромањоли си даде автогол, а пет минути подоцна Лаутаро Мартинез даде гол за 2-2.
 
Во второто полувреме Интер силно тргна кон пресврт и беше прашање на време само кога ќе даде трет гол.
 
Тоа се случи во 64. минута кога Лаутаро Мартинез даде уште еден гол за водство на Интер од 3-2.
 
Во судиското продолжение од мечот Алексис Санчез ги постави конечните 4-2 за Интер.
 
Интер сега е прв со 78 бодови, Милан има 77, но росонерите во недела го играат својот меч од колото, гостуваат кај Верона.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ