сабота, 27 декември 2025

Интер конечно прими гол но славеше против Лацио (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер не го дава врвот, вечерва избраниците на Симоне Инзаги славеа против Лацио со 2-1.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Бастони прецизно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 1-0.

Пет минути подоцна, Имобиле изедначи на 1-1. Де Врај и Хандановиќ не се разбраа најдобро, па напаѓачот рутински реализираше. Ова беше прв гол кој „нероаѕурите“ го примија по нешто повеќе од 400 минути игра.

Сепак тоа не беше доволно за да се сопре серијата на Интер, на средината од второто полувреме, Шкрињар погоди за 2-1 и донесе три бода за враќање на врвот на табелата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ