Новинарот Армандо Арениело тврди дека Интер се приклучува во трката по Елмас и ќе биде конкурент на Милан за неговиот потпис.
Елмас ја игра својата најдобра сезона откако е дојден во Наполи, а како негова предност сите ја истакнуваат можноста да игра на секоја позиција во средниот ред.
Интер би сакал да го има Елмас како алтернатива за Барела, Брозовиќ и Чалханоглу. Сепак Наполи нема лесно да се откаже од нашиот фудбалер.
Обесштетувањето кое ќе го побараат Наполитанците ќе биде над 30 милиони евра, но сумата може да се намали со вклучување фудбалер кој би заминал во спротивен правец.
Јасно е дека интерес за Елмас има од повеќе страни, а Наполи е тој кој треба да одлучи дали ќе го продаде или ќе го задржи и за следната сезона.






