Жозе Мурињо имаше убав пречек на Џузепе Меаца каде за првпат се врати по освоената тројна круна. Навивачите на Интер имаа посебни банери за него, а неколкупати го скандираа и неговото име.
Но Португалецот разочаран го напушти стадионот бидејќи неговиот тим загуби со 2-0.
Интер поведе со гол на Џеко уште во првата минута од натпреварот, а потоа домаќините имаа и пречка.
Рома изгледаше загубено во првите 15 минути но потоа се консолидираше и повеќе ја имаше топката. И волчицата ја погоди пречката, а брзо потоа Заниоло пропушти голема шанса за израмнување.
Интер добро го чуваше водството, Рома тешко создаваше шанси за гол иако имаше иницијатива.
Конечните 2-0 ги постави Алексис Санчез во 68. минута со прекрасен гол од далечина.






