Џенова е пред испаѓање во Серија Б по поразот кај Наполи со 3-0. Откако гостите промашија неколку шанси за гол, Осимен го отвори резултатот во 32. минута и со глава ја затресе мрежата на Сиригу.
По петнаесетина минути игра во второто полувреме беше досуден пенал за Наполи, Лоренцо Инсиње промаши но судијата го повтори ударот а капитенот на Наполи погоди од втора и со гол се прости од навивачите.
Конечниот резултат беше поставен на десетина минути пред крајот Лоботка со удар од врвот на шеснаесетникот донесе 3-0.






