вторник, 23 декември 2025

Инцидент во соблекувалната, Донарума и Нејмар се фатиле за гуша, соиграчите спречиле тепачка

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ синоќа чекореше кон четвртфинале, имаше предност од 1-0 од првиот натпревар, и водеше со 0-1 по првото полувреме на „Сантијаго Бернабеу“.

Но Реал Мадрид направи голем кам-бек, се тргна од една грешка на Џиџо Донарума по која Карим Бензема изедначи на 1-1. 15 минути подоцна, напаѓачот погоди за 2-1, гостите се распаднаа и веќе во следниот напад беше 3-1.

Па „светците“ ги загубија нервите по крајот на натпреварот, првиот човек Насер Ал Келаифи и спортскиот директор беснееле во подтрибинскиот простор, се симнале кај судиите, викале, навредувале и се заканувале.

Жестоко било и во соблекувалната, медиумите пишуваат за инцидент помеѓу Џиџо Донарума и Нејмар.

Бразилецот му замерил на голманот за првиот гол, Италијанецот го потсетил напаѓаачот дека погрешил за вториот погодок на Реал, расправијата се вжештила, па морале да реагираат соиграчите, да ги разделат двјацата и да спречат тепачка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ