петок, 20 март 2026

Илчо Ѓорѓиоски со пораз ја почна тренерската работа во Брегалница

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски се врати на тренерската клупа, ја предводи Брегалница, но неговата штипска авантура не започна најдобро.
 
Ренова поведе во 16. минута по една голема грешка на голманот Давид Денковски. Мурати ја шутна топката во обид да ја расчисти, а таа му се лизна од рацете на Денковски и заврши во неговата мрежа.
 
По седум минути игра во второто полувреме Серафимовски го зголеми водството на Ренова на 2-0.
 
Во 59. минута Дамњановиќ намали на 2-1, но тоа беше се што направи Брегалница на овој натпревар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ