вторник, 23 декември 2025

И Монако му даде три гола на ПСЖ, Донарума со полна мрежа ќе влезе во дуелот со Македонија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По трите гола кои ги прими против Реал Мадрид, Донарума сега прими уште три од Монако, ваквите натпревари на голманот можат да ја разнишаат неговата самодоверба пред дуелот со Македонија кој ќе му биде следен.
 
По поразот од Реал Мадрид, ПСЖ го победи Бордо со 3-0, но на тој натпревар бранеше Навас, сега кога Донарума застана меѓу стативите, неговиот тим повторно загуби. За него тоа се шест примени погодоци на два меча.
 
Резултатот го отвори Бен Једер во 25. минута, Фоланд во 68. минута зголеми на 2-0, а фудбалерот кој ја почна и ја заврши серијата погодоци, Бен Једер погоди во 84. минута за победа на Монако над ПСЖ од 3-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ