Манчестер Сити го продолжува победничкиот од во Премиерлигата, овојпат од тимот на Пеп Гвардиола настрада Норич.
Рахим Стерлинг беше херојот на граѓаните, тој имаше своја ноќ и постигна три гола.
Стерлинг погоди во 31. минута за 1-0, а по три минути игра во второто полувреме Фоден го зголеми водството на 2-0.
Во 70. минута Стерлинг со својот втор гол зголеми на 3-0, а во 90. минута го комплетираше хет-трикот за конечна победа од 4-0.






