среда, 24 декември 2025

Хет-трик на Лаутаро, два гола на Џеко за убедлива победа на Интер (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Интер немаше погодок на четири меча по ред, а Лаутаро Мартинез од декември. Салернитната изгледаше како идеален противник за тоа да се промени, и така беше.
 
Лаутаро Мартинез даде два гола во првото полувреме, и двата по асистенција од Барела за водство на Интер по првото полувреме од 2-0.
 
По десетина минути игра во вториот дел, по асистенција од Џеко, Лаутаро реализираше хет-трик за водство на Интер од 3-0.
 
Во 64. минута Џеко зголеми на 4-0, а пет минути подоцна Босанецот даде уште еден гол за конечни 5-0.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ