недела, 21 декември 2025

Гвардиола: Одигравме фантастичен натпревар, против неверојатен тим

Објавено на

часот

Сподели

Манчестер Сити со предност од еден гол ќе го почне мечот на Сантијаго Бернабеу, но фудбалерите на Пеп Гвардиола можат да жалат за пропуштените шанси.

„Ова беше фантастичен меч од двете страни. Ние направивме многу добри работи, за жал ги примивме головите, а можевме да постигнеме повеќе. Одигравме фантастичен натпревар против неверојатен тим“, изјави Пеп Гвардиола.

„Во Мадрид ќе одиме да победиме на тој натпрвар. Она што го направивме со топката и без топката, не можам да побарам повеќе од моите фудбалери“.

„Двата тима сакаа да напаѓаат. Двата тима сакаа да играат. Фудбалот беше фантастичен спектакл. Честитки за Карло Анчелоти бидејќи се премногу добри. Опасноста од нив секогаш постои, но ние покажавме дека можеме да играме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ