четврток, 25 декември 2025

Гвардиола: Не му верувам на Клоп

Објавено на

часот

Сподели

По победата од 2-0 над Лестер, Јирген Клоп рече дека тие се далеку од Манчестер Сити и не се кандидати за титулата во Премиерлигата.

Но, Гвардиола смета дека Клоп не ја кажува вистината и тој верува дека Ливерпул може да ги загрози.

Манчестер Сити во моментов има девет бода повеќе од Ливерпул, но црвените имаат и меч помалку, треба да играат со Лидс, ако го добијат ќе дојдат на -6.

„Не му верувам“, изјави Пеп Гвардиола на прашањето што мисли за изјавата на Клоп.

„Апсолутно Ливерпул може да дојде до првото место. И тој го мисли истото, во спротивно не би бил натпреварувач каков што е“.

„Се разбира дека тој верува дека може да не стигне. Во фудбалот се може да се случи. Но знае дека мора да победи на многу натпревари, како што и ние знамее дека треба да победуваме за да ја одбраните титулата“.

„Ако разликата сега беше 14/16 бодови, ќе речев дека сме блиску. Но ние сме девет бода разлика, со можност да биде шест бода доколку го победат Лидс. Тоа не е ништо кога може да се освојат уште 40 бода до крајот. Се може да се случи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ