Грнчаров кариерата ја почна и ја заврши во Вардар, нема играно во ниту еден друг македонски клуб, беше капитен во најдобрите денови на клубот кога тој играше во групната фаза од Лига Европа, сега повторно се врати.
Грнчаров ќе биде дел од стручниот штаб кој го предводи тренерот Никола Глигоров.
„Поранешниот капитен на нашиот клуб, Бобан Грнчаров е нов член на стручниот штаб на ФК Вардар. Грнчаров како фудбалер на Вардар има преку 100 настапи за првиот тим, а беше член и на генерацијата која што за првпат настапи во групната фаза на Лигата на Европа.
Добредојде дома Грне“, објави Вардар.






