Мејсон Гринвуд остана без милиони, Најк го „шкртна“ фудбалерот на Манчестер јунајтед. Во прв момент, компанијата за спортска опрема од САД ја суспендираше соработката со Англичанецот, но попладнево соопшти дека тој повеќе не е дел од спортистите кои се под нивна капа.
Младиот напаѓач е во сериозни проблеми откако неговата девојка се пожали дека е жртва на насилство.
Полицијата веднаш го приведе Мејсон Гринвуд, кој се сомничи за силување и напад. Откако неколку дена помина зад решетки и беше испрашуван од инспектори, фудбалерот излезе на слобода со кауција.






