среда, 24 декември 2025

Горан Пандев стана делегат на ФФМ од ОФС Струмица

Објавено на

часот

Сподели

Одамна се шпекулира дека Горан Пандев ќе биде следниот претседател на ФФМ, но тој обично го демантирал тоа.
 
Сепак, изборот за делегат во Собранието на федерацијата од страна на ОФС Струмица може да значи дека тој ќе атакува на местото на Муамед Сејдини.
 
ОФС Струмица беше еден од општинските сојузи кои не му дадоа поддршка на Муамед Сејдини на изборното собрание.
 
Покрај Пандев, ОФС Струмица ги избра и Ѓорѓи Гоцевски и Ванчо Коцев за делегати на собранието на ФФМ. Сега се очекува потврда на нивните мандати од федерацијата за да можат да учествуваат на годишното собрание кое треба да се одржи овој месец.
 
Горан Пандев веќе подолго време е во војна со актуелното раководство на ФФМ, тој повеќе пати изразил незадоволство од луѓето кои го водат фудбалот во Македонија, дури најави и можно повлекување од инвестирањето во македонскиот фудбал.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ