Пандев ги одигра првите минути во дресот на Парма. Влезе на стартот од второто полувреме, во самиот финиш од мечот имаше шанса да донесе победа, но биеше непрецизно.
Натпреварот беше изедначен, двете екипи имаа шанси за победа, нерешениот резултат е најреален.
Ова е солиден резултат за Парма со оглед на тоа што Беневенто е девет позиции погоре од нив.
Во следното коло Парма го пречекува последно пласираниот тим, Порденоне.






