ПСЖ во неделата играше против Троја, домаќините испуштија два гола предност и дозволија гостите да си заминат со бод од „Паркот на принцовите“.
Вториот гол на „светците“ беше дело на Нејмар, Бразилецот погоди од белата точка и покрај тоа што голманот на Троја се обидел да го фати на емоции и да го деконцентрира со убава приказна.
Кога напаѓачот се подготвувал да шутира, Џеси Мулан му дофрлил: „Неј, ќе бидам ѕвезда доколку ти го одбранам пеналот“.
„Тој само се насмевна а јас продолжив, „Те молам барем кажи ми каде ќе шутнеш. Мајка ми, татко ми, браќата, жена ми… сите го гледаат натпреварот и ќе бидат навистина горди на мене“. Нејмар продолжи да се смее и ми рече, „Прво ти кажи на која страна ќе се фрлиш“. Му вратив, „Нема шанси“. Не сакаше да открие ништо, па решив да седам во средина, мислев дека ќе проба „паненка“. Но тој шутна навистина добро…“.






